Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Словенија и Хрватска ќе ја продолжат работата на „Кршко“ до 2043 година

Словенија и Хрватска ќе ја продолжат работата на „Кршко“ до 2043 година

Загреб, 21.јули 2015 (ИНПРЕС) – Словенија и Хрватска денеска соопштија дека до 2043 година ќе ја продолжат работата на заедничката нуклеарна централа „Кршко“, и покрај повиците за нејзино затворање.

Реакторот „Вестингхаус“ со моќност од 700 мегавати, кој е изграден за време на поранешна Југославија и пуштен во употреба во 1983 година, требаше да го прекине своето функционирање во 2023 година, по 40 години работа.

Словенечкиот министер за инфраструктура Петер Гашпершиќ по денешниот телефонски разговор со хрватскиот колега Иван Врдолак изјави дека двете земји се договориле да ја продолжат работата на нуклеарката „Кршко“, бидејќи таа има добри резултати во функционирањето, безбедноста, економијата и инвестициите.

Централата „Кршко“ се наоѓа на територија на Словенија, во близина на хрватската граница, и по распадот на СФРЈ со неа раководат двете држави. Таа произведува околу 20 отсто од електричната енергија во Словенија и 15 проценти од струјата во Хрватска.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Приведен претседателот на Апелациониот суд на Косово
Next Грчката Влада нема намера да распише предвремени избори

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.