July 25, 2015

Софија, 25. јули 2015 (ИНПРЕС) – Пожарот во Рила е совладан од три страни, но ситуацијата останува тешка, изјави шефот комесар за противпожарна заштита на Бугарија, Николај Николов.

Хеликоптери и околу 300 војници, пожарникари и доброволци се вклучија во гаснењето на пожарот над Рилскиот манастир. Огнената стихија утрово се зголеми и зафати околу 150 хектари, но благодарение на храбрите и енергични активности на крајот таа беше надмината од југ и север. (Крај)

извор: бгнес фото: архива