Врање, 1. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Во селото Ранутовац, во околината на Врање, Србија, денес животот го изгуби едно лице, откако по помала сообраќајна незгода, во него пукал возачот од другото возило кое учествувало во незгодата.
Во сообраќајката учествувале возило „Рено Клио“, кое удрило во „Фиат Уно“, на локалниот пат кон селото. Возачот на „Фиатот“ излегол од возилото и од пиштол пукал во возачот на првото возило, при што го погодил директно во срцето.
Откако го извршил делото, тој го фрлил пиштолот на патот и останал до возилото, во кое биле неговата сопруга и децата. (Крај)
извор: Блиц фото: архива







