Охрид, 26. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи утрово, нешто по 07:00 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои доведоа до незгодата во која е причинета поголема материјална штета. Истата се случи кај кружниот тек, наспроти маркетот на „Тамаро“ и „Пентекс“.
Од СВР Охрид е извршен увид на лице место и најавија повеќе информации во текот на денешниот ден.
извор: ИнПрес фото: ИнПрес







