Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Сојуз на средношколци: Барањата на вработените во ДИЦ се оправдани, но државна матура мора да има во предвидениот рок

Сојуз на средношколци: Барањата на вработените во ДИЦ се оправдани, но државна матура мора да има во предвидениот рок


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 12. мај 2023 (ИНПРЕС) – Сојузот на средношколци ја потсетува јавноста дека одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука, како што наведува, државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок.

– Правото на штрајк е секако уставно загарантирано, но правото на образование исто е дел од Уставот. Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите. Како што кажавме и порано, ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат во високото образование. Можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нашите анализи овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација. Токму затоа ја потсетуваме јавноста на нашиот ангажман во месец март за соодветно адаптирање на државната матура во интерес на сите средношколци и го повторуваме нашиот апел возрасните да не ја доведуваат иднината на овие матуранти под прашање, истакнува Сојузот во денешното соопштение.

Сојузот на средношколци ги известува матурантите и целокупната јавноста дека, според информациите со кои располага, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.

– Сојузот ова го поздравува. Апелираме на разумност и сериозност и ги повикуваме надлежните државната матура да ја одржат во веќе одредените рокови, наведува Сојузот. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Шаќири: Се прават сите подготовки за да се полага државна матура на 27 мај
Next Во март во Охрид издадени се 12 одобренија за градба, планирана е изградба на 11 станови

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.