Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со претставата „Сергеј е многу глупав“ охридскиот театар ја започнува новата сезона

Со претставата „Сергеј е многу глупав“ охридскиот театар ја започнува новата сезона

1 min read
Со претставата „Сергеј е многу глупав“ охридскиот театар ја започнува новата сезона

Охрид, 30. август 2023 (ИНПРЕС) – Со претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, во режија на Дејана Николовска, Народен театар Охрид ја започнува новата театарска сезона.

Претставата ќе се одигра на 7-ми септември (четврток) со почеток во 20:00 часот.

– Во претставата се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири-доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и на едно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас. Тој се плаши од ирационалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката, порачуваат од Центарот за култура.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Елизабета Стефановска.

Билетите ќе се продаваат во Центарот за култура во Охрид од 1-ви септември, по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денес „езерско“ дерби на „Билјанини извори“
Next Утре неколку часа без вода ќе бидат корисниците од централното подрачје и стариот дел на градот

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.