Охрид, 2. април 2026 (ИНПРЕС) – По повод Светскиот ден на литературата за деца денес напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе бидат промовирани приказните за деца „Тапшин танана“ од Божана Атанасова.
„Тапшин танана“ содржи 17 приказни кои влечат корени од нејзиното детство, но и инспирирани од секојдневието на авторката Атанасова со нејзините внуци Димитар и Искра кои се сега возрасни луѓе.
Авторката Атанасова е родена во 1944 година во село Лактиње и по струка е медицинска сестра во пензија. Автор е на книгите „Митуш“ ( 2013) , „Водици“ ( 2016) , „Талкачи по виножитото“ ( 2016), „Во приквечерината“ ( 2021) и „Низ прозорецот“ издадена 2022 година.
За значењето на книгата и Светскиот ден на литературата за деца ќе зборува Христина Трпеска директорката на Библиотеката.
2 Април како ден на книгите за деца ширум светот се слави од 1967 година. УНЕСКО, всушност на овој начин го одбележува и роденденот на големиот дански писател на бајки Ханс Кристијан – Андерсен. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
