Охрид, 14. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Народен театар Охрид новата театарска сезона ја започнува во четврток, 20-ти февруари, со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот. Билетите по цена од 300 денари ќе бидат во продажба од понеделник, 17-ти февруари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведба на претставата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива