Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со целовечерен концерт на „Танец“ вечерва почнува 62-от Балкански фестивал на народни песни и игри

Со целовечерен концерт на „Танец“ вечерва почнува 62-от Балкански фестивал на народни песни и игри

1 min read

Охрид, 5. јули 2023 (ИНПРЕС) – Со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на ансамблот „Танец“, вечерва на сцената Долни сарај ќе биде отворено 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, што ќе трае до 9-ти јули.

Предвидени се обраќања на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски, градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Центарот за култура Горан Симоноски. Концертот е со почеток во 20:30 часот. Во случај на неповолни времески услови, алтернативна сцена е големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во рамки на фестивалот, синоќа во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, беше отворена изложбата „Од Љубанишча до Дебор” од колекцијата на Љупчо Милошески.

На годинашното издание покрај ансамбли од Македонија, ќе насатапат и фолклорни групи од Словенија, Полска и од Чикаго, САД.

И овојпат на најстарата фолклорна манифестација на Балканот ќе се афирмираат културните достоинства на народите. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолкорни манифестации во светот.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро над просекот за јули
Next Уставен Суд: Привремено нема да има графа за етничка припадност во изводите

Слични вести

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото) Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)
1 min read

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.