Скопје/Охрид, 16. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Во Македонија се почитуваат правата на секој еден човек кој се наоѓа на државата, изјавите на Христијан Пендиков се чиста глупост, ова е одговорот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање поврзано со неодамнешното интервју на претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков.
Спасовски потенцира дека не можете 30 години да живеете во државата во која никој еден збор не ви префрлил, а сега одеднаш тоа да не го цените и да ја прикажуваме како земја која не ни ги почитува правата.
– Тоа не е реално. Сепак упатувам јасна порака дека насилство не смее да има во никој случај и за ниту една причина. Никој не смее да напаѓа друг од било какви побуди, затоа што правото на самоопределување е најсилното право. Ние го почитуваме тоа право кој сака нека е во државата и нека се изјани на начин како што тој смета да се изјасни. Од друга страна сакам да упатам јасна порака дека никој нема да право да ни го негира ни нашето право на самоопределување, затоа што ние сме тие кои се чувствуваме како македонци, како македонски народ и ние сме тие кои што сме конституенти на државата, потенцира министерот Спасовски.
Пред неколку дена охриѓанецот Христијан Пендиков во интервју за бугарската Бтв изјави дека копнее да се врати во Македонија и на сите да им каже дека е Бугарин без да има проблем. Тој изјави дека во Македонија било сосема нормално да се пцујат и да се тепаат луѓе, а полицијата ја обвини дека не преземала соодветни мерки. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
