Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 12. јануари 2016 (ИНПРЕС) – По разговорот со заменик-премиерот на Русија, Димитриј Рогозин, претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ изјави дека неговата земја никому нема да биде лесна мета и затоа работи на зајакнување на своите воени капацитети, јавува РТС.
Заедно се согласиле дека постои простор за унапредување на соработката, а особено фокусот бил ставен и на зајакнување на економските односи. Главна тема била военотехничката соработка, притоа Вучиќ на одредени аналитичари им порача дека Србија работи на зајакнување на сопсвените капацитети, а не како што велат тие дека државата пушта информации кои ја замајуваат јавноста.
Со оваа изјава премиерот на Србија практично им одговори на сите аналитичари на состојбата кои според него пуштале полуточни информации низ одредени медиуми. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
