Белград, 2. септември 2014 (ИНПРЕС) – Во текот на последните две години Србија ги зголеми резервите на злато од 14,9 на 17,2 тони.
Народната банка на Србија не продавала злато од девизните резерви, и успеала да го зголеми количеството, пишува „Блиц“.
– Од почетокот на финансиската криза имаме изразен т.н.. Safe heaven – ефект на златото. Во централните банки има тренд на раст на учеството на овој благороден метал, велат од Одделението за управување со девизните резерви.
Додаваат дека златото во девизните резерви служи како заштита од инфлација на долг рок, што дава можност за намалување на ризикот за девизните резерви, но е и гаранција за довербата во централните банки, особено во време на несигурност и криза.
Според извештајот на Светскиот совет за злато за 2014 година, Србија е на трето место по најголеми резерви на злато во регионот. На прво место е Грција, која има 112 тони златни прачки, а на второ е Бугарија со 40 тони злато. (Крај)
извор: Блиц фото: архива