Белград, 1. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Србија денес го презеде претседателството со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Подоцна овој месец, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ ќе ги претстави во Виена приоритетите на претседателството на земјата.
Организацијата во моментов игра клучна улога во решавањето на конфликтот во источна Украина. Таа испрати стотици претставници да надгледуваат во земјата по почетокот на немирите.
ОБСЕ зеде учество и во преговорите, по кои беше постигнато примирје со сепаратистите, за кои се претпоставува дека добиваат воена и друга помош од Русија. (Крај)
извор: АФП фото: АП







