February 10, 2015

Белград, 10. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Српската армија објави дека започнува со распродажба на вишокот од оружје, вклучувајќи и советски тенкови и илјадници ракетни лансери.

Министерството за одбрана во Белград ќе организира аукција за продажба на 282 тенкови Т-55, 68 оклопни транспортери и 1.283 топови од различен тип и калибар. Целта е да се соберат пари „за развој, истражување и купување на современо оружје“.

– Компаниите кои се лиценцирани за трговија со оружје, може да го контактираат Министерството за добивање на информации во врска со статусот на оружјето кое се нуди за продажба, се вели во соопштението.

На аукција ќе бидат понудени и 16.780 пиштоли, 3.500 пушки, 5.200 ракетни лансери, 115.000 куршуми со различна големина и 120.000 гранати. (Крај)

извор: АФП фото: АП