Белград, 13. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Србија испрати писмо до Хашкиот трибунал за воени злосторства, откако Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) го критикуваше Белград, бидејќи не ги уапсил тројцата членови на Српската радикална партија.
Српскиот премиер, Александар Вучиќ, испрати протестно писмо до Хашкиот трибунал, поради начинот на кој Трибуналот ја третира Србија, како и поради начинот на кој судот постапил во однос на неодамна починатиот Здравко Толимир.
Иако некои српски официјални претставници и медиуми, писмото го нарекоа „протестна нота“, Вучиќ во петок рече: „писмо е, не е нота, и доверливо е“.
Министерот за правда на Србија, Никола Селаковиќ, во петок изјави дека деталите од писмото нема да бидат објавени на јавноста, „иако клучните елементи на писмото, претседателот на Владата на Србија веќе ги изнел во своето вчерашно обраќање“.
Вучиќ во четвртокот рече дека Србија „нема да дозволи никој да ја понижува, па ниту судиите на Хашкиот трибунал“. (Крај)
извор: МИА фото: архива
