Белград, 18. јули 2016 (ИНПРЕС) – На вонредна седница доцна ноќеска српската влада го одобри формирањето на заеднички воени и полициски екипи, кои ќе бидат испратени по границите со Бугарија и Македонија со цел запирање на нелегалните мигранти.
Веста беше распространета по завршувањето на седницата на кабинетот, што беше раководено од премиерот Александар Вучиќ.
– Задачата на воените и полициските сили ќе биде да го спречи нелегалното влегување на мигранти од Република Бугарија и Република Македонија. Во исто време тие ќе имаат за задача да им ги предадат на правосудните органи шверцерите на луѓе кои ја вршат оваа нелегална активност на територијата на Србија, ова се вели во краткото соопштение кое беше објавено ноќеска од прес-службата на српската влада. (Крај)
извор: Локално фото: архива







