Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Србија и Косово со засилена контрола на границата со Македонија

Србија и Косово со засилена контрола на границата со Македонија

1 min read

Прешево/Приштина, 11. мај 2015 (ИНПРЕС) – По престрелките во Куманово за време на викендот, војската на Србија го покрена нивото на борбена готовноста и е подготвена да го зачува нејзиниот територијален суверенитет и интегритет, порача синоќа српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ, во текот на обиколката на базата „Цворе“, на границата со Македонија.

Базата Цворе која се наоѓа меѓу Прешево и македонската граница, доцна синоќа ја посетија и командантот на копнената војска и директорот на полицијата.

– Војската на Србија го подигна нивото на готовност и сигурен сум дека заедно со останатите безбедносни структури во земјава, ќе успееме да ги сочуваме суверенитетот и интегритетот на Република Србија и безбедноста на граѓаните на земјата, изјави Братислав Гашиќ, министер за одбрана на Србија.

По информациите дека во терористичката група имало и косовски државјани, Косово ја засили контролата на границата со Македонија. Од доцна синоќа, на граничниот премин Хан Елези – Блаце распоредена е дел од косовската специјална единица РОСУ, а другa група е на граничниот премин кој ги поврзува Косово со Србија и Македонија, во близина на Гњилане. Оваа одлука, синоќа на средба ја донеле косовската претседателка Атифете Јахјага, премиерот Иса Мустафа и министерот за внатрешни работи Скендер Хисени.

И Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, изјави дека постои потреба полицијата на Република Српска да остане во зголемена готовност заради терористичкиот напад во Куманово, бидејќи не може да се исклучи можноста ситуацијата од Македонија да се прелее надвор од нејзините граници, па дури и во БиХ. (Крај)

извор: Бета/24 Вести фото: архива

Post navigation

Previous Борисов: Груевски треба да даде оставка
Next Црногорскиот претседател изрази сочувство за загинатите во Куманово

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.