Белград, 16. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Белград, за да учествува во свеченостите по повод 70-годишнината од ослободувањето на српската престолнина од фашистичка окупација.
Србија ќе организира по тој повод прва воена парада во последните 30 години.
Путин ќе се сретне со претседателот и со премиерот на Србија. Се очекува да бидат разгледани прашањата за меѓународната политика и трговско-економската соработка. Рускиот претседател ќе биде во српската престолнина само неколку часа, но за покривање на настанот се акредитирани над 900 претставници на медиумите.
Во пресрет на посетата во интервју за српскиот весник “Политика” Путин го обвини американскиот претседател Барак Обама за непријателскиот однос кон Русија. Тој истакна дека САД ја предизвикале кризата во Украина. (Крај)
извор: ЕПА/БГНЕС фото: архива







