Белград, 7. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Србија може да го отплати долгот кон „Гаспром“ преку акции во компанијата „Петрохимија“, соопшти српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
– Разговаравме и се договоривме да ги исплатат обврските кон „Гаспром“ преку акции во претпријатието „Петрохимија“, најави министерот.
Заостанатите долгови на Србија за испораката на природен гас надминаа 180 милиони долари. Долгот е за периодот февруари – март минатата година и март – април оваа година, и е на вкупен износ од 148 милиони долари. Покрај тоа, Србија должи и за снабдувањето со гас во периодот меѓу 1995-2001 во износ од 34,8 милиони долари. (Крај)
извор: Блиц фото: архива