Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Средба на Шешељ и Вучиќ: Интеграција со Русија како услов за влез во владата

Средба на Шешељ и Вучиќ: Интеграција со Русија како услов за влез во владата

1 min read

Сараево, 9. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Лидерот на Српската радикална партија (СРС) Војислав Шешељ изјави денес дека на мандатарот за состав на новата влада на Србија Александар Вучиќ му пренел дека нема да биде дел од новата српска влада.

Шешељ на новинарите во парламентот им кажа дека веднаш на почетокот на разговорот на Вучиќ му кажал дека СРС е спремна за соработка и коалициски договор под услов тој и неговата влада да ја напуштат политика на зачленување во ЕУ и да се преориентираат на интеграција со Русија.

– За сѐ би можело да се најде решение ако се откаже од ЕУ и на тоа инсистирав. Тоа е провалијата меѓу нас која не може да се надмине без промена на владината политика, кажа Шешељ, истакнувајќи дека Вучиќ од таквиот став, според него, бил разочаран.

Тој со Вучиќ разговарал за разни теми, главно економски, а старо-новиот српски премиер му ја претставил суштината на идната влада за која Шешељ ќе се изјасни по поднесувањето на експозето во собранието.

На прашањето како ја доживеал средбата со Вучиќ по осум години, Шешељ кажа дека изгледало како првпат да се сретнуваат и запознаваат. Тој истакна и дека на средбата не се зборувало за минатото. (Крај)

извор: МКД.мк фото: МКД.мк

Post navigation

Previous Хрватската опозиција бара распуштање на Саборот и нови избори
Next Бан Ки Мун во посета на Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.