Охрид, 5. април 2023 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2023 година.
Во просториите на Службата за трансфузиона медицина во тек е средношколска крводарителска акција во која се вклучени учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.
– Ги покануваме сите хумани средношколци да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, порачуваат од Црвениот крст.
Акцијата трае до 12:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива