Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Српската прогресивна партија моментално со највисок рејтинг

Српската прогресивна партија моментално со највисок рејтинг

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 7.септември 2015 (ИНПРЕС) – Доколку во овој момент во Србија се одржат избори Српката прогресивна партија би освоила 48 отсто од гласовите, социјалистите десет, а од опозицијата изборниот праг ќе го минат само Демократската партија со шест проценти и Либерално-демократската партија на Чедомир Јовановиќ со пет отсто.

Ова се резултатите од анкетата на Ипсос Стратеџик маркетинг, изработена по нарачка на американската организација Меѓународен републикански институт, пишува белградскиот весник „Данас“.

Сите останати учесници на изборите, според истражувањето, ќе останат надвор од Парламентот. Од нив најмногу гласови би добиле Српската радикална партија на Воислав Шешељ и Социјалдемократската партија на Борис Тадиќ, по четири отсто.

Истражувањето покажува дека во моментов 54 отсто од граѓаните ја поддржуваат работата на актуелната Влада, додека 40 проценти не ја поддржуваат.

Четириесет и еден отсто од анкетираните сметаат дека премеирот Александар Вучиќ е политичар со потенцијал да промени нешто во Србија. На второ место е посочен лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ со четири отсто.(Крај)

извор:Данас фото:архива

Post navigation

Previous Обвинителството во Тирана бара одземање на пратенички имунитет
Next Полициско и армиско засилување на Лезбос

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.