May 27, 2015

Белград, 27.мај 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот премиер Александар Вучиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Албанија.

Тој ќе се сретне со неговиот албански колега Еди Рама, со шефот на државата Бујар Нишани, со претседателот на парламентот Илир Мета и со градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша.

Во текот на вториот ден од посетата Вучиќ ќе учествува на економски форум на кој ќе присуствуваат и други премиери од регионот. (Крај)

извор: rts фото: архива