Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Српско-хрватската криза ќе се реши следната недела

Српско-хрватската криза ќе се реши следната недела

1 min read

Белград, 25. септември 2015 (ИНПРЕС) – Кризата настаната со взаемното затворање на границата меѓу Србија и Хрватска ќе биде решена до понеделник, велат дипломатски избори, пренесува Б92.

Според сознанијата на белградскиот весник, доколку до понеделник ситуацијата потполно не се нормализира, најдоцниот рок за враќање на состојбата пред кризата е 7-8 октомви, кога ќе биде одржана вонредна седница на Самитот на Западен Балкан во Луксембург, по повод бегалската криза и нестабилните односи во регионот.

– И Србија и Хрватска ќе ги отворат границите, бидејќи Европската унија на тоа ќе инсистира и ќе изврши притисок. Не е реално проблемот со затворање на границите, настанат среде бегалската криза да се реши во Србија, бидејќи тоа е недозволиво, тврдат извори на „Данас“ од дипломатските кругови и додаваат дека европските функционери работат на организирање средба или повторно стапување во контакт на двајцата премиери, Александар Вучиќ и Зоран Милановиќ.

Според овие сознанија, за решавање на кризата ќе биде неопходно Србија, сепак, одреден број бегалци да пренасочи кон границата со Унгарија, на граничниот премин Хоргош 2, кој е отворен. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Борисов: 7-8 милиони бегалци се креваат од Сирија кон Европа
Next Милановиќ: Србија да функционира како држава, а не како територија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.