Атина, 29. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Меѓународната рејтинг агенција “Стандард енд Пурс” предупреди дека може да го намали рејтингот на Грција од стабилен на негативен поради несигурната политичка ситуација.
Според S & P, познатата несигурност за Грција кон еврозоната, неспособноста на државата да спроведе доследно структурни реформи, како и непостојаноста на владите, натежнуваат над довербата и над инвестициите кои се намалија од 24% од БДП во 2008 на 11% од БДП во 2014 година.
Ветувањето на новата влада да се обиде да ги зголеми јавните инвестиции и да поврзе повеќе услови на отплата на долгот со економскиот раст, е конструктивна, смета S & P. (Крај)
извор: АФП фото: архива
