April 1, 2015

Белград, 1. април 2015 (ИНПРЕС) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО не принудува ниту една земја, вклучувајќи ја и Србија да се приклучи кон воениот сојуз, велејќи дека е задоволен од досегашната воена соработка со Србија.

– Ја почитувам одлуката на Србија да не влегува во НАТО, рече Столтенберг во интервју за „Гласот на Америка“ и додаде дека досегашното партнерство и соработката е „многу добра“.

Генералниот секретар истакна дека ниту една земја-членка на НАТО во историјата на оваа организација не е влезена принудно бидејќи секоја земја сама одлучува за тоа кој ќе биде сојузник.

Одговарајќи на прашање за растечкото влијание на Русија на Западниот Балкан, Столтенберг истакна дека станува збор за регион во кој некои земји веќе се членки на НАТО, додека други, како Србија, имаат партнерски односи.

Тој потсети дека како син на норвешки дипломат дел од детството го поминал во Белград, од каде му останале пријатни спомени. (Крај)

извор: АФП фото: АП