June 2, 2016

Брисел, 2. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Укинувањето на визите за Косово, Турција, Украина и Грузија е забавено и покрај препораката од Европската комисија да се либерализира визниот режим со овие четири земји, тврдат извори од ЕУ за Ројтерс.

И приштински Зери објави дека Европскиот парламент и Советот на министри на ЕУ нама да донесат одлука за визната либерализација за Косово пред есента годинава.

Кога станува збор за Турција, од Брисел кажуваат дека Анкара напредува во исполнувањето на 72-та критериуми за укинувањето на визите, но имајќи предвид дека турската влада ќе го пропушти рокот до крајот на јуни, најверојатно визите ќе бидат укинати дури на есен.
Амбасадорите на ЕУ разговараа за сличен договор со Грузија, но одлуката за тоа не е донесена. Можно е тоа прашање повторно да се разгледува следната недела пред да се разговара за уште поконтроверзното прашање на Украина.

Европскиот парламент, кој треба да ги усвои ваквите договори, ќе ги одржат последните седници од 4 до 7 јуни, а потоа ќе продолжат со работа дури кон средината на септември. (Крај)

извор: МКД.мк фото: архива