Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стојаноски: На местото на летната кино бавча ќе се гради театар и мултифункционален центар (Фото)

Стојаноски: На местото на летната кино бавча ќе се гради театар и мултифункционален центар (Фото)

1 min read
Стојаноски: На местото на летната кино бавча ќе се гради театар и мултифункционален центар (Фото)

Охрид, 14. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Театар и мултифункционален центар е предвидено да се гради на местото на летната кино бавча зад Центарот за култура „Григор Прличев“, изјави за Супер радио и InPress директорот Горан Стојаноски.

Тоа е идејата за облагородување на овој простор, но кога ќе се реализира сѐ уште не се знае бидејќи сопственик е државата.

– Ова е простор на министерство за култура, ние сме само корисници, тие треба да кажат. Инаку планот е тој, на ова место да се изгради театар и мултифункционален центар, рече Стојаноски.

Некогаш популарната кино бавча е отворена во 1963 година и била место за дружби и уживање на охриѓани во кино проекции под отворено небо. Сега, иако се наоѓа на супер-атрактивна локација во самото срце на градот, сепак веќе подолг период не се користи за она за што е направена туку е „паркиралиште“ на вовче, пловни објекти налик на педалинки…

Се правеа заложби за нејзино повторно ставање во функција. Па, така во 2013 година просторот беше среден реновиран и повторно отворен за публиката, каде се одржуваа претстави, изложби…но тоа траеше неколку години.

Инаку, веќе години наназад се зборува дека на Охрид му е потребен современ театар, имаше и најави дека на местото на сегашниот Центар за култура ќе се гради нов театар и современа кино сала, но од сето тоа досега ништо не се оствари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous МВР со предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи
Next Промоција на едукативни прирачници посветени на Споменикот на природа Вевчански извори

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.