Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Струшки архитекти изработија проект за прифатилиште за бездомни кучиња

Струшки архитекти изработија проект за прифатилиште за бездомни кучиња


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Струга, 16. јануари 2023 (ИНПРЕС) – По отпочнувањето на процедурите за третирање на кучињата скитници, на барање на струшкиот градоначалник Рамис Мерко изработен е проект за прифатилиште за бездомни кучиња.

– На пошироката струшка јавност добро и е познато ова прашање и сите сме свесни колку каснувања предизвикале овие кучиња, колку страв сеат, особено кога станува збор за деца, дами и нашите постари родители или други беспомошни лица. Наш приоритет секогаш ќе остане безбедноста и здравјето на нашите граѓани, но и заштитата и зачувувањето на животните, стои во соопштението од општина Струга.

Можно е да е слика од 2 луѓе и надвор

Можно е да е слика од надвор

Градоначалникот Мерко апелира до организациите за заштита на животните посериозно да се позанимаваат со оваа проблематика.

– Не само да се грижат за кучињата, туку и да иницираат заштита на луѓето, следење на луѓето кои ги растоваруват кучињата во нашиот град и нивно пријавување до надлежните институции, додаваат од општината.

За реализација на проектот изработен од струшките архитекти Валмир Далипи и Бесјан Положани се бара помош од Владата, преку заеднички средства или од ИПА фондовите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Нуркачите го исчистија езерското дно во пресрет на Водици
Next Почнува снимањето на филмот за Ејми Вајнхаус, ќе ја глуми актерката Мариса Абела

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.