Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 03. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Меѓународниот суд во Хаг го отфрли случајот на Србија и Хрватска, кои го водеа една против друга за геноцид, пренесе електронското издание на српскиот весник Blic.
Претседателот на судот, Петер Томка, изјавил дека Србија не може да биде одговорна за дела кои се предизвикани пред 27 април 1992 година, кога СР Југославија стана членка на ОН и потписник на Конвенцијата на ОН за борба против геноцидот. Судот исто така смета дека активностите на Југословенската народна армија имале за цел гонење, а не уништување на Хрватите.
Во однос на процесот, во кој како тужител се јавува Србија, судот оценил дека на Хрватска и било јасно дека активностите на армијата во рамките на операцијата “Бура” ќе доведат до масовно иселување на српското население. Сепак намерата не била целосно уништување на Србите. (Крај)
извор: Blic фото: архива
