Суперстар Dj Paul van Dyk на 30-ти јули доаѓа во Охрид
July 4, 2023

Охрид, 4. јули 2023 (ИНПРЕС) – Еден од најголемите диџеи на сите времиња, двократниот број еден светски диџеј Paul van Dyk на 30-ти јули доаѓа во Охрид, каде што ќе настапи на плажата „Горица 3“.

Електронската светска супер ѕвезда уште од раните деведесетти години ги поставува светските стандарди како диџеј. Во краток рок ја стекнува популарноста со мегахитот „For An Angel”, една од најголемите и највлијателните електронски траки на сите времиња.

Со вроден талент за сценски настап, Paul е еден од артистите со најмногу остварени настапи низ светот.

извор: ИнПрес фото: архива