Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Тасиќ: Предолго се чека за пациентите со ретки болести да ја добијат терапијата

Тасиќ: Предолго се чека за пациентите со ретки болести да ја добијат терапијата

1 min read
Тасиќ: Предолго се чека за пациентите со ретки болести да ја добијат терапијата

Симпозиум за ретки болести Охрид

Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Животот не чека тендер, ретката болест не чека тендер. Имате ситуации каде може да чекате месец, два, три, но има ситуации каде морате во тек на 24 часа да аплицирате терапија и кај нас тоа мора да се реши. Државата мора да најде начин за да се добие ургентна терапија и ургентно да се праќа биолошки материјал, порача проф. д-р  Велибор Тасиќ од Меѓународниот симпозиум за ретки болести кој викендов се одржа во Охрид, по повод 10 години активизам на Здружението „Ретко е да си редок“.

Тасиќ смета дека предолго се чека за да пациентите ја добијат терапијата. Според него државата мора да има систем на брза, ургентна набавка на лекови. Открива и дека имало пациенти кои емигрирале затоа што во државава, и покрај брзата дијагностика, не можеле да добијат соодветна терапија, јави порталот сдк.мк.

На симпозиумот во Охрид беше потенцирано дека дијагностицирањето на ретките болести е најтрнливиот пат низ кој поминуваат семејствата и дека навременото дијагностицирање некогаш значи живот.

– Пред 10 години е денот на регистрирањето на ретката болест Алпортов синдром на мојот син, многу тешка борба, талкање по институции, барање на дијагноза меѓутоа таа дијагноза ја добивме и оттогаш почна мојот активизам за ретки болести, истакна Гордана Лолеска, претседател на Здружението „Ретко е да си редок“.

Професор д-р Злате Стојаноски, претседател на Националната комисија на ретки болести, вели дека над 7.000 ретки болести, кои се регистрирани на светско ниво, се дијагностики, тераписки, но и економски предизвик на сите држави.

– Тежок и трнлив е патот до дијагнозата. Преку 80 проценти од ретките болести се дијагностицираат во детска возраст а понатаму и на дел од возрасните. Во овој момент во Регистарот за ретки болести вклучени се 822 пациенти кај кои е регистрирана ретка болест а од нив терапија добиваат 260 пациенти. Минатата година откриени се нови 16 пациенти и регистрирани се уште 6 нови лекови, вели проф. д-р Стојаноски.

Тој вели дека листата на ретки болести расте, за некои од нив сѐ уште нема лек, но и дека фармацијата оди напред, а медицината има голема помош од истражувањата во ретките болести.

Целта на дводневниот симпозиум е запознавање и промовирање на ретките болести, дијагностичките предизвици, новините во дијагностиката, како и иновативните третмани на овие болести. (Крај)

извор: сдк.мк/Сузана Вренцовска фото: сдк.мк/Сузана Вренцовска

Post navigation

Previous Младите фудбалери од српските клубови Црвена звезда, Партизан и Земун го напуштија турнирот во Охрид, не сакале да играат против Косово
Next Стружанецот Илирјан Асани го освои второто место во категоријата Men`s Physique на Arnold Classic Festival Европа 2024

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.