Њујорк, 30. септември 2015 (ИНПРЕС) – Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Косово добило согласност на НАТО за формирање на сопствена армија, пишува српскиот весник “Политика”.
Според Тачи сега е потребно согласност на парламентот во Приштина.
– Косово е подготвено да формира Вооружени сили и доби согласност од НАТО, изјави Тачи во Њујорк. Тој се сретнал со помошник-државниот секретар на Бирото за политички и воени работи Тод Чапман. (Крај)
извор: Politika фото: архива