Приштина, 3. февруари 2017 (ИНПРЕС) – Косовскиот претседател Хашим Тачи е убеден дека нема да има војна меѓу Србија и Косово.
– Не верувам дека може да има војна. Нема потреба за никаква загриженост, изјави Тачи.
Тој вели дека Косово било провоцирано со возот кој тргнал од Белград кон Косовска Митровица и додава дека возот го запреа оние кои и го стартираа, нагласувајќи дека Косово „реагирало согласно силата на законот и немало одговор со сила“.
Косовскиот претседател се задржа и на контроверзниот мост во северниот дел на Косовска Митровица.
– Мостот ќе биде урнат и нема да има никакви немири. Мостот ќе го урнат оние кои и го изградија, изјави Тачи. (Крај)
извор: Локално фото: архива







