Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Тачи: СБ на ОН да ги препознае напорите на косовската Влада

Тачи: СБ на ОН да ги препознае напорите на косовската Влада

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Приштина, 22.август 2015 (ИНПРЕС) – Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи денеска на седницата на Советот за безбедност во Њујорк изјави дека Косово создало услови за формирање Специјален суд, но и оцени дека никој на Косово нема да дозволи „геноцидот на државата Србија да се изедначува со евентуални активности на очајни поединци од заедницата на потчинети“.

На седницата за редовниот тримесечен извештај до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за состобата во Косово, Тачи рече дека се надева дека „Советот за безбедност на ОН ќе ги препознае зрелите напори на косовската Влада да се занимаваат со сите злосторства направени во годините на војната“.

– Косово во изминатите месеци е соочено со некои од најтешките предизвици во последните неколку години, но тие предизвици беа можност Косово да ја докаже својата трансформација од земја на која и беше потребна помош за зачувување на својата безбедност, а сега е извор на стабилност и мир, рече Тачи.

– Никој во Косово, вклучувајќи ме и мене, нема да седи со скрстени раце и да дозволи преку Специјалниот суд да се изедначуваат геноцидните активности на Слободан Милошевиќ, државата Србија, со евентуалните активности на очајните поединци од заедницата на потчинетите, кои се направени за време или после војната. Војната на Србија против Косово е водена со учество на армијата, полицијата и паравоените единици, а со поддршка на српските интелектуалци. Тоа беше чист и едноставен фашизам, смета Тачи.(Крај)

извор:24Вести фото:архива

Post navigation

Previous Кајин: Зошто мигрантите не бегаат во Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и Емиратите?
Next Во Турција ќе се одржат предвремени избори на 1. ноември

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.