Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” најтрофеен на Меѓународниот натпревар „Охрид Опен 2023“

Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” најтрофеен на Меѓународниот натпревар „Охрид Опен 2023“

1 min read
Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” најтрофеен на Меѓународниот натпревар „Охрид Опен 2023“

Охрид, 28. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Mеѓународен Таеквондо ИТФ натпревар по највисоки стандарди „Охрид Опен 2023“ организираше викендов клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец.

Учество зедоа околу 200 натпреварувачи од 24 клубови од Чешка, Хрватска, Босна И херцеговина, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија.

Организацијата беше на највисоко ниво, направивме натпревар што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци, вели Марјанчо Лазаревски претседател на Македонската традиционална таеквондо Федрација.

– Овoј натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци. Изразувам благодарност на нашиот генерален спонзор „ПН Метал”, кој е најзаслужен што стигнавме до овој степен да можеме да организираме натпревар од ваков калибар. Благодарност и до Општина Охрид и Агенцијата за млади спорт, која со признавањето на нашиот спорт, почна да ги вреднува нашите успеси и да ни помага, вели Лазаревски.

Со освоени 3 пехари за најдобри поединци, 9 златни, 12 сребрени и 21 бронзени медали, клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец беше најтрофеен. За најдобари клубови на натпреварот беа избрани: прво место Тим Србија, второ „Хваранг Фист“ од Охрид и трето место за „Српски Соко“, од Зворник, Босна и Херцеговина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Охрид Опен

Post navigation

Previous Suzanne Kianpour се премисли: Охрид не бил ужасно место, дојдов и се вљубив
Next Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 24. степени

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.