Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Тензично на водната граница меѓу Грција и Турција

Тензично на водната граница меѓу Грција и Турција

1 min read

Атина/Анкара, 30. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Грчките и турските воени бродови имале кратко, но исклучително тензично пресретнување во близина на грчки острови во Егејското море. Како што пренесуваат грчките медиуми, тоа биле „седум минути на работ на војна“.

Министерството за одбрана на Грција објави дека турски ракетен крстосувач заедно со уште два помали брода на турските специјални сили навлегле во грчки територијални води во близина на група на мали острови со назив Имија.

Како што пренесува AFP, овие помали острови се наоѓаат во близина на турскиот брег, а Анкара исто како и Атина тврди дека полага право на тие мали острови.

„Бродовите на грчката Крајбрежна стража и воен брод на воената морнарица ја следеа турската група на бродови, ги известија за нарушувањето, а Турците го напуштија тоа подрачје после седум минути“, соопштија од грчкото министерство за одбрана. (Крај)

извор: Точка/ AFP фото: архива

Post navigation

Previous Белград и Приштина се договорија на натамошни разговори
Next Ципрас во посета на Белград

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.