January 18, 2015

Париз, 18. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Нападите на исламските радикали во Париз биле извршени со муниција стара околу 30 години, донесена во Франција од БиХ, пишува британски „Telegraph“, повикувајќи се на извор од разузнавањето во Сараево.

Станува збор за куршуми со калибар 7.62 на 39 милиметри, користени за автомати од типот VZ58 кој беше забележан на видеото кај терористот Амеди Кулибали. Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Живко Маранац изјави дека муницијата која ја користел терористот била произведена во 1986 година од страна на локалната компанијаIgman“ во градот Кониц, јужно од Сараево.

Тој потсети на проблемот со корупцијата во војската, но појасни дека оваа муниција е произведена пред речиси 30 години и сега е невозможно да се каже како точно стигнала Франција.

Како стигнале таму не знаеме, но тие биле произведени токму во Босна. Тука имаше војна. Во секој дом има скриени куршуми, тврди Маранац. (Крај)

извор: АФП фото: АП