Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 8. септември 2015 (ИНПРЕС) – Грчката радикална левица „СИРИЗА“ има 0,5-процентна предност пред конзервативната партија „Нова Демократија“ во пресрет на предвремените избори на 20 септември, пренесоа агенциите, повикувајќи се на новото анкетирање на јавното мислење.
Анкетата на социолошката агенција „Пулс“ за сајтот „Банкинг њуз“ покажува дека партијата на Алексис Ципрас може да добие 27 проценти на изборите, а Нова демократија 26,5 проценти.
Анкетата покажува дека екстремната десница „Златна Зора“ може да добие 6,55 проценти од гласовите и да се најде на третото место. (Крај)
извор: Фактор фото: архива
