Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Течат роковите за формирање на новата влада што ќе има 20 министерства

Течат роковите за формирање на новата влада што ќе има 20 министерства

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 10. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Откако во четвртокот мандатарот Христијан Мицкоски го доби мандатот за формирање на влада, а ноќта меѓу петокот и саботата на пленарна седница во Собранието поминаа измените на Законот за реорганизација на државната управа, течат роковите за формирање на новата влада.

Мицкоски на врачувањето на мандатот најави дека набргу ќе биде составена новата влада и според неговите очекувања таа ќе биде формирана пред законскиот рок. Главна цел на владата, како што посочи, ќе биде да се занимава со реформите, најавувајќи придвижување на работите во економијата, силен инвестициски циклус, подобрување на состојбите во здравството, образованието, земјоделството…

– Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад, рече Мицкоски во четвртокот.

ВМРО- ДПМНЕ за формирање на владата водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е позната, а имиња се уште не се соопштуваат официјално.

Новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. Со измените на Законот за државна управа што доцна вечерта во петокот поминаа на собраниска седница, ќе се направи реорганизација на министерствата.

Измените предвидуваат кон Министерството за економија да се приклучи сегментот труд, а делот енергетика, рударство и минерални суровини да бидат под надлежност на новото Министерство за енергетика. Сегашното Министерство за труд и социјална политика прераснува во Министерство за социјална политика, демографија и млади, а ингеренциите за туризмот ќе бидат под новото Министерство за култура кое ќе гласи Министерство за култура и туризам. Ќе се формира министерство за дигитална трансформација кое ќе го наследи досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, како и Министерство за спорт.

Измените на Законот за организација на работата на државната управа беа донесени со двотретинско мнозинство и за нив гласаа ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, како и пратеници од Европскиот фронт. ДУИ гласаше за измените затоа што претходно, како што информираше ВМРО-ДПМНЕ, бил постигнат договор во догледно време да се формира ад-хок комисија која ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа. Претседателот на оваа комисија, како што стои во соопштението, ќе биде на предлог на опозицијата. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Завршува учебната година за средношколците, основците во клупите до 17-ти јуни
Next Наскоро во Охрид ќе се одржи четвртиот Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.