December 20, 2014

Белград, 20. декември 2014 (ИНПРЕС) – Комбе марка „Рено“ со швајцарски регистерски таблички, рано утрово излетало од коловозот на автопатот Белград – Ниш и се превртело.

Српските медиуми јавуваат дека едно лице во незгодата го загубило животот.

Неофицијално, станува збор за возачот на комбето. Шест лица, меѓу кои и четири деца, биле итно префрлени во болницата во Смедерево. (Крај)

извор: Блиц фото: архива