Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Тина Гоџо за InPress и Супер радио: Условите за стрелаштво во Охрид се задоволителни, но секогаш може да бидат и подобри

Тина Гоџо за InPress и Супер радио: Условите за стрелаштво во Охрид се задоволителни, но секогаш може да бидат и подобри

1 min read
Тина Гоџо за InPress и Супер радио: Условите за стрелаштво во Охрид се задоволителни, но секогаш може да бидат и подобри

Охрид, 19. мај 2026 (ИНПРЕС) – Стрелачката кариера на Тина Гоџо започнува на многу мала возраст, кога речиси уште не можела да го држи оружјето во рака.

Љубовта кон стрелаштвото ја наследи од своите родители, ја пренесе на своите деца, а денес ја споделува со новите генерации како активен стрелец, тренер и селектор на Македонската спортска стрелачка репрезентација.

Со Тина Гоџо разговаравме за популарноста на стрелаштвото, условите за работа и тренинзи во Охрид, но и за идните планови.

InPress: Од кога се занимавате со стрелаштво, од кога сте тренер и зошто воопшто го избравте овој спорт?

Гоџо: Уште кога речиси не можев да го држам оружјето во рака, на моја пет годишна возраст, започнува мојата стрелачка кариера. Моите родители се занимаваа со овој спорт, па љубовта кон стрелаштвото ја наследив од нив, за да подоцна и јас ја пренесам на моите деца, кои исто така своевремено станаа репрезентативци. И сега активно учествувам како стрелец и со воздушно и со огнено оружје, работам и како тренер од 2003 година во двата охридски стрелачки клуба, но анажирана сум и како селектор на Македонската спортска стрелачка репрезентација. Стрелаштвото е моја пасија, моја животна определба, па тука го засновав и мојот работен однос, како управител на фирма која е занимава со обуки на лица баратели на огнено оружје.

InPress: Како се развиваше стрелаштвото низ годините и кои беа најголемите предизвици?

Гоџо: До пред 5 години стрелаштвото во Македонија беше речиси на работ на исчезнување, поради лошите политики на претходно раководство на Федерацијата. Со доаѓањето на новиот претседател, кој патем е премногу амбициозен и посветен бидејќи и самиот е стрелец, повторно го воскреснува македонското стрелаштво. Со задоволство можам да кажам дека за премногу краток период го отвори новиот национален тренинг центар во Скопје опремен по најсовремени светски стандарди, ги обедини стрелачките клубови, но и го направи македонското стрелаштво препознатливо не само во регионот  туку и во светот.

InPress: Какви се условите во кои работите, дали се доволни за нормално функционирање?

Гоџо: Условите за стрелаштво во нашиот град се задоволителни, но секогаш може да бидат и подобри. Нормално со текот на времето објектите треба да се реновираат, а за да се следат светските трендови треба да се набават и електронски мети, тренажери, ново оружје и опрема, што за спортското стрелаштво се премногу скапи. Пак ќе речам, имаме подобри услови за работа отколку 90% од останатите клубови од државата, па поради тоа треба да бидеме и задоволни.

InPress: Кои се најголемите успеси и признанија што охридските клубови ги имаат постигнато?

Гоџо: Со гордост можам да кажам дека најголемо достигнување е што двете учеснички на Олимписки игри своите почетоци во спортското стрелаштво ги имаа токму во нашиот клуб. Но, не само тие, плејада на успешни стрелци низ годините поминале во охридските клубови, голем дел од нив и во состав на македонската репрезентација. Речиси половина од вкупниот број (10) од државата се и стипендисти поради остварените спортски резултати, бројни награди и признанија како во државата така и во соседството, со  што самото тоа говори за успешноста на клубовите.

InPress: Како може стрелаштво да стане популарно спортско хоби и дисциплина во Македонија?

Гоџо: Стрелаштвото веќе е многу популарно и сé повеќе млади лица одлучуваат да се занимаваат со овој спорт, особено откако турскиот репрезентативец Јусуф Дикец на летната Олимпијада во 2024 година го освои сребрениот медал, без притоа да користи било какви додатоци што современите стрелци ги користат. Светот беше воодушевен од неговата едноставност, неговиот бинокуларен начин на нишанење, неговата смиреност, со што сметам дека направи огромна промоција на спортското стрелаштво.

InPress: Ќе се организира ли и во Охрид некое стрелачко првенство?

Гоџо: Да, Охрид е домаќин на традиционални натпревари како со воздушно, така и со огнено оружје, што се дел од календарот на Македонската спортска стрелачка федерација. Во меѓувреме на стрелиштето Бејбунар се одржуваат разни спортско-рекреативни вежби во гаѓање, синдикални игри тим- билдинзи, тренинзи и слично.

InPress: Што да очекуваме во периодот што следи?

Гоџо: Во тек се подготовките за првиот отворен турнир „Охрид опен 2026“ во гаѓање со огнено оружје на 25м и 80м со пиштол и карабин во организција на СК „Охрид“, што ќе се одржи на 23 мај. Веќе наредниот месец, во Скопје ќе се одржи Европската лига за млади, каде што учесник ќе биде и еден наш стрелец номиниран од федерацијата согласно досегашните постигнати резултати. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Тина Гоџо

Post navigation

Previous Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош
Next Здравје: Хепатолозите укажуваат на најдобриот пијалок за здравјето на црниот дроб

Слични вести

Утре во Охрид ќе се одржи студентската конференција СЕРВЕКО 2026 Утре во Охрид ќе се одржи студентската конференција СЕРВЕКО 2026
1 min read

Утре во Охрид ќе се одржи студентската конференција СЕРВЕКО 2026

Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош
1 min read

Второ место за тимот на Црвен крст Охрид на Регионален натпревар по прва помош

Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“ Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“

Премиера на детската претстава „Кловн“ во недела во Центарот за култура „Григор Прличев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.