September 17, 2014

Тирана, 17. септември 2014 (ИНПРЕС) – Министрите за надворешни работи на Албанија и Косово Дитмир Бушати и Енвер Хоџај отворија заеднички конзулат во градот Милано, Италија.

– Во пракса исполнивме речиси 90 отсто од договореното во поглед на надворешната политика меѓу двете влади, рекоа двајцата министри на отворањето на конзулатот во Милано.

Според нив, ова е доказ за „стратешкото партнерство меѓу двете земји“. Во најскоро време Тирана и Приштина ќе отворат заедничка амбасада во Канбера, Австралија. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива