Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Точков: За месец и пол 6 извлечени давеници и над 650 укажувања прва помош, апел да се избираат безбедни и прописно обележани капалишта

Точков: За месец и пол 6 извлечени давеници и над 650 укажувања прва помош, апел да се избираат безбедни и прописно обележани капалишта

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 26. јули 2024 (ИНПРЕС) – Од средината на јуни досега спасителите на вода на Црвен крст Охрид имале 6 интервенции на извлекување на давеници и над 650 укажувања на прва помош на капалиштата во Охрид.

Претседателот на охридскиот Црвен крст Сашо Точков за Супер радио и InPress вели дека овие бројки се во рамки на просекот, а во периодот што следи се очекува зголемен број на посетители на плажите, а со тоа и поголем притисок на спасителните тимови.

Моментално околу 15 лица се грижат за безбедноста на неколку капалишта чии концесионери ги испочитувале законските одредби за безбедност и ангажираа спасителни тимови. Не можам да кажам дека бројот на капалишта што годинава го покриваме е поголем од лани, ниту пак дека се зголемила совесноста на концесионерите и оние кои ги стопанисуваат капалиштата за истите да им бидат безбедни, истакна Точков.

– Ние започнавме со активности за обезбедување безбедни услови за капење, спорт и рекреација на капаиштата уште од 15-ти јуни. Уште оттогаш на Golden beach имаме поставено спасители, а веќе од 1-ви јули и на плажата Св.Наум, Градиште на две плажи, во хотели „Метропол“ и „Белви“, „Славија“, „Инекс“, потоа плажа „Куба Либре“, на градскиот базен, како и на базенот во хотел „Јуник“ имаме поставено свои спасители. Апелираме како и секоја година капачите, да се фокусират и да ги одбираат оние капалишта што се безбдени, прописно обележани, што имаат места за укажување прва помош и оние што имаат спасители на вода, набљудувачници итн. Остануваме отворени за сите кои имаат потреба и сакаат да го почитуваат законот, бидејќи законот предвидува како едно капалиште треба да изгледа и кои услови да ги исполнува за да биде безбедно, подвлече Точков.

Тој и овојпат, како што нагласи и пред почетокот на сезоната, и до локалната самоуправа и концесионерите што немаат спасители и немаат безбедни капалишта потсети дека тоа треба видно да го истакнат на одредени табли, дека капачите го користат на сопствена одговорност. Но, за жал засега такво нешто не е забележано.

spasitelidrim1

Што се однесува до капалиштата што немаат концесионер, Точков рече дека нивните мобилни тимови на парамедици и спасители на вода во наредниот период ќе имаат почести контроли на тие делови.

Точков апелира до сите корисници на капалиштата да бидат одговорни, совесни да не влегуваат во вода ако се чувствуваат здравствено слаби, ако се непливачи да го пријават тоа кај спасителот, да не консумираат алкохол за време на овие високи температури и да не влегуваат во езерските води во алкохолизирана состојба. Секако да се придржуваат и до оние препораки што ги даваат сите субјекти што издават пловни објекти, да носат елеци за спасување и да го почитуваат ограничениот број на лица што можат да бидат на една педалинка. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пожарникарите со интервенции на отворен простор во Плаќе и на Буково
Next Општина Охрид со бројни свечености по повод Илинден

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.