Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Трето издание на настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 27-ми јули

Трето издание на настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 27-ми јули

1 min read
Трето издание на настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на 27-ми јули

Охрид, 18. јули 2024 (ИНПРЕС) – Во организација на Slow Food Ohrid, во сабота, на 27-ми јули, со почеток во 19:00 часот, на плоштадот „Долна Порта“ ќе се одржи третото издание на настанот „Вкусете го Охрид – локално“, на кој посетителите ќе можат да вкусат охридски и македонски специјалитети приготвени на традиционален начин.

– Slow Food Ohrid е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна. Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра (квалитетна, вкусна и здрава храна), чиста (производство што не штети на животната средина) и правична (достапни цени за потрошувачите и правични услови и плаќање за производителите), информираат организаторите.

Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од движењето Slow Food Ohrid со поддршка на Општина Охрид и Слоу Фуд Македонија“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во тек е пријавувањето за место во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa
Next Во охридските високообразовни установи ќе може да се запишат вкупно 670 бруцоши

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.