April 18, 2015

Чачак, 18. април 2015 (ИНПРЕС) – Три лица починаа по избивањето на зараза со салмонела во Дом за стари лица во установа во близина на Чачак, Србија.

Екипите за итна помош ја констатирале смртта на трите лица, откако претходно денес Аксентије Тошиќ од Заводот за јавно здравје во Чачак изјавил дека во Домот за стари лица во Враничи биле заразени над 40 лица.

Тој додал дека четири лица од домот биле итно сместени на Инфективното одделение при Болницата во Чачак.

– Бактеријата на салмонела е изолирана во примероците земени од овие лица. Појасна слика ќе имаме во понеделник, кога ќе бидат готови анализите земени од храната и водата кои се користеле во Домот, додал Тошиќ. (Крај)

извор: Б92 фото: архива