Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Три претстави на охридскиот народен театар ќе бидат финансирани од министерството за култура

Три претстави на охридскиот народен театар ќе бидат финансирани од министерството за култура


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 15. февруари 2023 (ИНПРЕС) – И оваа година охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ доби финансии од министерството за култура за реализација на три претстави на Народниот театар.

Согласно објавените резултати од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес одобрени се по 650.000 денари за театарските претстави „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет во режија на Сашо Миленкоски и „Несфатената цивилизација“ од авторот Добри Војников, во режија на Софија Ристеска Петрушева, додека 600.000 денари се одобрени за претставата „Серјожа е труп“, од Димитри Данаилов, во режија на Дејана Николовска.

Покрај тоа на Центарот за култура му се одобрени 1.000 000 денари за Балкански фестивал на народни песни и игри, а по 200.000 денари за Прличеви беседи и фестивалот „Охридски староградски средби“.

Одобрени се и 45.000 денари за реализација на проектот „Фузија“ на Христијан Томаноски од областа на визуелни уметности, архитектура и дизајн.

Во делот на инвестиции за националните установи, одобрени се 400.000 денари за тапацирање на столчињта во кино салата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Привршуваат активностите за враќање на Сатеска во природното корито во делот од трасата низ Општина Дебрца
Next Успешен настап на охридските стрелци на меѓународен турнир во Бугарија

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.