August 25, 2014

Белград/Ниш, 25. август 2014 (ИНПРЕС) – Едно лице е потешко повредено, а две полесно во сообраќајната несреќа која се случила утрово, околу осум часот, на автопатот Белград – Ниш.

Несреќата се случила кога возило „ситроен“ со македонски регистарски таблички, кое се движело кон Белград, удрило во заштитната ограда покрај патот.

Според информациите на РТС, причина за несреќата е преморот на возочаот, за кој се претпоставува дека заспал зад воланот.

Потешко повредената патничка веднаш е префрлена во болница. (Крај)

извор: А1он/РТС фото: архива