May 28, 2015

Тирана, 28. мај 2015 (ИНПРЕС) – Три лица синоќа биле убиени во центарот на Тирана, кога врз нив бил отворен оган од возило во движење.

Според албанските медиуми, една од жртвите починала на самото место на место на нападот, додека другите двајца им подлегнале на здобиените повреди на пат кон болница.

Полиција привела пет лица, од кои две се осомничени дека го извршиле нападот, а другите тројца за помагање во неговата подготовка.

Мотивите за нападот засега не се познати. (Крај)

извор: МРТ фото: архива