Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Турските медиуми најавиле воен напад на Ердоган врз Сирија

Турските медиуми најавиле воен напад на Ердоган врз Сирија

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Анкара, 1.јули 2015 (ИНПРЕС)- Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган подготвува копнена инвазија врз Сирија, тврдат локалните турски медиуми.

Таков потег во таа држава би се претворил во масовен меѓународен воен конфликт на самата граница на Европа, пренесува хрватски Јутарњи лист.

Ердоган одобрил промена на правилата за стапување во борба, договорена во турскиот парламент, за да ѝ овозможи на турската војска да удри по позициите на Исламска држава, но и на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Декларираната цел е да се воспостави тампон зона за бегалците, а против Исламска држава, но главната цел на интервенцијата всушност би било спречување на создавање на курдска држава на границата со Турција.

Курдските борци во Сирија во изминатите неколку месеци воспоставија контрола врз дел од територијата на северот на земјата кој се граничи со Турција.

– Никогаш нема да дозволиме воспоставување држава на северот на Сирија, а на нашиот југ. Ќе продолжиме да се бориме против тоа, без оглед на цената, изјавил Ердоган за време на викендот.

За плановите за воена инвазија врз Сирија било расправано на седница на Националниот совет за безбедност пред неколку дена, а медиумите биле информирани дека Турција уште неделава би можела да испрати 18.000 војници преку границата.

Нивната цел би била да се заземе територија долга околу 100 километри и широка околу 30, вклучувајќи го и граничниот премин Јараблус, во моментов во рацете на ИСИС и преминот Азаз, кој го држи Војската на слободна Сирија, но кој е под напади од страна на Исламска држава.

Тампон зоната би ѝ овозможила на Турција сместување на бегалците надвор од својата територија, но под нејзина заштита, а би спречила и спојување на двете територии кои се во моментов под контрола на курдските борци, кои Турција ги смета за непријателска сила.

За Ердоган и турската националистичка влада, курдските гардисти во Сирија се разгранок на герилската група ПКК, која веќе со децении се бори за автономија на Курдите на југоистокот на Турција. Сѐ уште не е сосема јасно дали навистина ќе дојде до воена акција.

Војската наводно не е многу среќна со уфрлањето на копнена војска во граѓанската војна, а останува и прашањето колку таквата акција би била легална според турските закони, без гласање во парламентот, или според меѓународните закони, без резолуција на Советот за безбедност на ОН.(Крај)

извор:МКД.мк фото:архива

Post navigation

Previous Мајка во Србија ги чувала децата затворени дома поради страв од надворешниот свет
Next Грчката Влада со нов предлог до доверителите

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.